Датум: 12 март 2026 година
Време: 17:30 часот
Локација: Универзитет Скопје
ПРИСУТНИ ЧЛЕНОВИ:
- Перо Спиров – претседател
- Проф. д-р Орце Симов – член
- Проф. д-р Симе Арсеновски – член
- Кристина Органџиева – член
- Герасим Ванчев – член
- Симона Ристовска – член
- Влатко Бојковски – член
- Ивица Ѓоргиевски – член
Дневен ред на седницата
1. Усвојување на записникот од претходната седница
2. Дискусија во однос на претстојната надворешна евалуација на факултетот.
3. Разно.
1. Усвојување на записникот од претходната седница
Претседателот го стави на разгледување записникот од претходната седница на Одборот. Членовите не изнесоа предлози за измена, по што записникот беше едногласно усвоен.
2. Дискусија во однос на претстојната надворешна евалуација на факултетот
Претседателот ја најави претстојната надворешна евалуација на факултетот, со непосредна посета и му даде збор на проф. д-р Симе Арсеновски, претставник на основачот и координатор на евалуацијата да го претстави извештајот и да објасни каква улога има Одборот во таа постапка. По детално претставување, проф. д-р Симе Арсеновски, најави потреба за присуство на најмалку 3 члена од Одборот во терминот за непосреден контакт со членовите на евалуационата комисија предвиден за 19.03.2026 година во термин 09-10 часот.
По кратка дискусија, сите членови изразија спремност за присуство, во случај на спреченост, присуство онлајн на таа сесија.
3. Разно
Под точката „Разно“ не беа изнесени дополнителни прашања или предлози.
Затворање на седницата
Бидејќи дневниот ред беше исцрпен, претседателот Перо Спиров ја затвори седницата во 18:30 часот.
Претседател на Одборот
Перо Спиров
