ИСТОРИЈАТ
Факултетот за информатика при Универзитет Скопје е основан во 2018 година како одговор на забрзаниот развој на информатичките технологии и растечката потреба од високообразован и стручен кадар во ИТ-секторот. Одлуката за основање е донесена од Сенатот на Универзитетот на 23 јануари 2018 година, а истата година Факултетот ја добива акредитацијата и решението за почеток со работа.
Од своето основање, Факултетот го развива образованието во областа на информатиката и софтверското инженерство, со нагласена поврзаност меѓу академското знаење, практичните компетенции и потребите на пазарот на трудот. Првите студиски програми по Софтверско инженерство се акредитирани во 2018 година, а развојот продолжува со акредитација на студиските програми по Информатика на прв и втор циклус.
Денес, Факултетот го насочува својот развој кон современите области на информатиката и дигиталната трансформација, следејќи ги европските стандарди за високо образование и динамичните промени во ИТ-секторот. Наставата се надополнува со практични проекти, лабораториска работа, научноистражувачки активности, меѓународна мобилност и соработка со стопанството.
Во согласност со својата мисија, Факултетот е посветен на квалитетно образование и професионален развој на студентите преку стекнување современи знаења, вештини и компетенции во информатиката, компјутерските науки, софтверското инженерство и информациските системи. Неговата визија е да придонесува кон развој на општество засновано на знаење и дигитален напредок, преку образование, научноистражувачка работа, иновации и примена на информатичките технологии.
МИСИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА
Со развојот на информатичкиот сектор и потребата од нови технологии во Р. Македонија со огромна апсорбирачка моќ на високостручни кадри, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје основа Факултет за информатика, чија цел е да обезбеди поддршка на овој сектор со квалитетен кадар. Земајќи ги предвид искуствата на приватните и државните универзитети од државата, како и потребите на глобалниот пазар во светот, тим од професори со долгогодишно академско искуство и експерти од областа, ќе ги пренесат своите знаења со цел студентите да се стекнат со применливи, практични вештини конкурентни на денешниот информатички свет.
Приоритетна цел во функционирањето на Факултетот за информатика е да профилира кадри согласно студиските програми по Софтверско инженерство, компетентни да се вклучат на пазарот на трудот за работи поврзани со обавување на најсложените деловни активности од областа на компјутерските науки.
ВИЗИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА
Визијата на Факултетот за информатика е припадност кон престижни институции од областа на информатиката и новите технологии, како и давање поддршка за меѓународна интеграција на Р. Македонија од аспект на меѓународна конкурентност и трансфер на знаења и технологија.
Со градење на лидерска позиција во образованието од областа на информатичките науки и софтверско инженерство, факултетот ќе придонесе кон развојот и благосостојбата на општеството преку високото образование, во кое новите генерации ќе стекнат, применат и надградат знаење и вештини неопходни за да станат компетитивни граѓани во новиот глобален свет.

