Во согласност со член 149 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 82/2018), како и Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр. 76/20 и 116/20) Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1 000 Скопје, објавува повторен

    К О Н К У Р С

    за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2020/2021 година на македонски јазик

     

    1. Факултет за туризам

    диплома прв циклус: дипломиран менаџер во туризмот
    диплома втор циклус: магистер по менаџмент во туризмот

    1. Економски факултет

    диплома прв циклус: дипломиран економист
    диплома втор циклус: магистер по економија

    1. Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент

    диплома прв циклус: дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент
    диплома втор циклус: магистер по односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент

    1. Факултет за претприемачки бизнис

    диплома прв циклус: дипломиран менаџер по претприемништво
    диплома втор циклус: магистер по претприемништво

    1. Факултет за менаџмент на човечки ресурси

    диплома прв циклус: дипломиран менаџер по човечки ресурси
    диплома втор циклус: магистер по менаџмент на човечки ресурси

    1. Факултет за информатика

    диплома прв циклус (тригодишни, 180 ЕКТС): софтверски инженер
    диплома прв циклус (четиригодишни, 240 ЕКТС): дипломиран инженер по информатика – Софтверско инженерство
    диплома втор циклус (едногодишни, 60 ЕКТС): специјалист по Софтверско инженерство
    диплома втор циклус (едногодишни, 4+1 и двегодишни, 3+2,): магистер по Софтверско инженерство

     

    Студиите од прв и втор циклус се од научно-истражувачките подрачја и полиња:

    1 природно-математички науки, поле 110 информатика, 2 техничко-технолошки науки, поле 212 компјутерска техника и информатика, 5 општествени науки, поле 503 економски науки, 506 организациони науки и управување (менџмент) 508 правни науки и 514 туризам и угостителство од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната Фраскатиева класификација.

    1. I. Број на студенти

    На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски додипломски студии, за горенаведените студиски програми, во академската 2020/2021 година, со времетраење од три години (шест семестри), ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти, со времетраење од четири години (осум семестри) ќе се запишат 40 редовни и 40 вонредни студенти, а на втор циклус студии 280 студенти.

    1. II. Услови и критериуми за запишување

    а) На прв циклус универзитетски додипломски студии

    II.а.1. Во академската 2020/2021 година на прв циклус академски студии, може да се запише лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба. Услов за запишување на прв циклус академски додипломски студии, за лицата кои ќе матурираат пред учебната 2019/2020 година, е положена државна матура или меѓународна матура односно завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура. Услов за запишување на прв циклус академски додипломски студии е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РСМ.

    Право на запишување на прв циклус академски додипломски студии имаат и домашни државјани кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и домашните државјани.

    II.а.2. На прв циклус академски додипломски студии на Универзитетот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Универзитетот утврден во овој Конкурс.

    II.а.3. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни, или како студенти на далечинско студирање, со самофинансирање на студиите, во износ утврден со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

    II.а.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

    II.а.5.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус академски додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2019/2020 година е успехот постигнат во средното образование. За лицата кои ќе матурираат пред учебната 2019/2020 година, основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус академски додипломски студии покрај успехот постигнат во средното образование е и државната матура, односно меѓународната матура или завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура, а за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

    Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:

    За лицата кои ќе завршат четиригодишно средно образование во учебната 2019/2020 година, како и кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура и за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано, општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 100%,

    За останатите кандидати, кои задолжително полагаат матура,  вреднувањето на успехот се врши на следниот начин:

    • Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
    • Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит и резултатот од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот учествува со 40%.

    II.а.6. Вреднувањето на успехот од средното образование и матурата се врши според утврдени критериуми во Правилникот за условите и критериумите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот за туризами менаџмент во Скопје.

    б) На втор циклус универзитетски магистерски студии

    II.б.1. Право на конкурирање за запишување на вториот циклус (магистерски) студии имаат кандидати (домашни и странски државјани) што ги исполнуваат следните општи услови:

    • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во државата или во странство и освоени 240 ЕКТС;
    • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од три години на соодветни или сродни додипломски студии, на акредитирани универзитети, односно факултети во државата или во странство и освоени 180 ЕКТС.

    II.б.2. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни или како студенти на учење на далечина со самофинансирање на студиите во износ определен со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

    III. Рокови за пријавување и запишување

                а) Прв циклус додипломски универзитетски студии

    Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од:

    • објавувањето на конкурсот до 31 август 2020 година, за првиот уписен рок,
    • 01.09.2020 година до 11.09.2020 година, за вториот уписен рок,
    • 14.09.2020 година до 30.09.2020 година, за третиот уписен рок.

    Објавувањето на резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за запишување ќе се изврши на:

    • 01 09.2020 година, за првиот уписен рок,
    • 12.09.2020 година, за вториот уписен рок и
    • 01.10.2020 година за третиот уписен рок.

                Доколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Универзитетот ќе објави дополнителни уписни рокови, за што заинтересираните кандидати навреме ќе бидат информирани.

    1. IV. Место на изведување на студиската програма

                Студиските програми од прв и втор циклус студии ќе се изведуваат во седиштето на Универзитетот на бул.„Партизански одреди“ бр. 99, Скопје.

                б) Втор циклус универзитетски магистерски студии

                Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од објавувањето на конкурсот до 13.11.2020 година. Објавувањето на резултатите за примени кандидати на 16.11.2020 год.

    1. Школарина

    а) Прв циклус додипломски универзитетски студии

    Висината на школарината за првиот циклус студии изнесува 61.500 денари по семестар.

    б) Втор циклус универзитетски магистерски студии

    Висината на школарината за вториот циклус студии изнесува 46.125 денари по семестар.

    Универзитетот го задржува правото на доделување стипендии за упис на сите студиски програми во согласност со општите акти на Универзитетот.

    1. VI. Документи за пријавување и запишување

    При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

    а) за запишување на прв циклус (додипломски) студии:

    1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
    2. оригинални свидетелства од сите учебни години (I,II,III,IV година);
    3. државна матура или меѓународна матура или завршено четиригодишно средно образование за лицата кои матурирале во учебната 2019/2020 година како и оние кои матурирале според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура;
    4. извод од матичната книга на родените (за домашни државјани) и
    5. доказ за државјанство (уверение или решение) за домашни државјани, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

    б) за запишување на втор циклус (магистерски) студии:

    1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
    2. диплома, додаток на диплома или уверение за положени испити, како и документ за познавање на еден од светските јазици;
    3. извод од матичната книга на родените (за домашни државјани) и
    4. доказ за државјанство (уверение или решение) за домашни државјани, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

                Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение

                Домашните или странските државјани кои образование завршиле во странство треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно, односно високо образование во Министерството за образование и наука на РСМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

    При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

    1. две фотографии (3х4 см.);
    2. доказ за уплатени средства за студирање.

    Пријавувањето може да се изврши и по електронски пат.

    Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, односно во објектите на дисперзираните канцеларии на Универзитетот.

    Подетални информации заинтересираните кандидати можат да добијат на www.utms.edu.mk, e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 02 30 93 209, 02 30 93 212 и 02 30 93 215.                                                       

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај