Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во својата политика за онлајн едукација почна со примена на дигиталните платформи за одбрана на идејни скици за изработка на магистерски трудови и одбрана на магистерски трудови. Организацијата и реализацијата на овие активности се рализира според децидно дефиниран протокол препознатлив и применлив во светски реномираните универзитети. Според утврдениот распоред и донесените одлуки за одбрани на идејни скици и магистерски трудови кои јавно се објаени на веб страната на УТМС ќе се реализираат одбраните.
Првата онлајн одбрана на магистерски труд на УТМС беше реализирана на 31.03.2020 година од магистрантот Љубомир Јанковиќ, на тема ,, Online автомобилски бази како основа за препознавање на модели во мобилните апликации“. Одбраната беше спроведена со примена на платформата Microsoft Teams.
https://fi.utms.edu.mk/vesti/660-na-utms-primena-na-onlajn-platformi-za-odbrana-na-idejni-skici-i-magisterski-trudovi#sigProIdc6ba3fb7d3