
Доц. д-р Ана Секуловска Јовковска
В.Д. Декан на Факулетот за информатика
Почитувани,
Ми претставува голема чест и задоволство да ве поздравам во име на Универзитетот во Скопјe и да ви посакам добредојде на Факултетот за компјутерски науки. Во време кога се соочувате со една од најважните одлуки во врска со вашата идна професија, Факултетот за компјутерски науки нуди современи и академски засновани студиски програми од областа на информатиката и информациските технологии.
Информатиката и дигиталните технологии претставуваат еден од најдинамичните и стратешки важни сектори за развој на современото општество и економија. Преку внимателно дизајнирани наставни програми, Факултетот за компјутерски науки им обезбедува на студентите силни теоретски основи и практични вештини потребни за успешна професионална кариера во дигиталната економија.
Нашата мисија е примена на современи образовни методи и технологии со цел да се едуцираат висококвалификувани ИТ професионалци способни за креативно решавање проблеми, иновации и континуиран професионален развој. Покрај теоретското знаење, студентите стекнуваат практично искуство преку учење базирано на проекти, лабораториска работа и соработка со ИТ секторот, како на национално, така и на меѓународно ниво. Со следење на глобалните трендови во високото образование и доследна имплементација на ECTS системот во согласност со Болоњскиот процес, Факултетот за компјутерски науки има за цел да обезбеди квалитетно образование и конкурентни можности за кариера за своите дипломирани студенти.
Со почит,
В.Д. декан доц. д-р Ана Секуловска Јовковска
