Univerzitet Skopje

    Улогата на Одборот

    Во согласност со Законот за високото образование, при Факултетот за информатика делува Одбор за соработка и доверба со јавноста – советодавно тело кое ја зајакнува поврзаноста на Факултетот со деловната и професионалната заедница, институциите и другите релевантни чинители.

    Одборот овозможува во развојот на Факултетот да бидат вклучени искуствата, потребите и очекувањата на средината во која ќе работат идните дипломирани студенти. Преку мислења, предлози и препораки, Одборот придонесува студиските програми, практичната настава и знаењата и вештините што ги стекнуваат студентите да бидат современи, применливи и усогласени со развојот на информатичката индустрија и потребите на пазарот на трудот.

    Со својата работа, Одборот придонесува кон континуирано унапредување на квалитетот и релевантноста на образованието, развивање на соработката со професионалната заедница и поголема отвореност на Факултетот кон јавноста.

    Членови на Одборот за соработка и доверба со јавноста

    *Со клик на фотографијата можете да ја погледнете професионалната биографија на членот.

    Работа на Одборот

    Одборот одржува редовни седници на кои разгледува прашања од својата надлежност и дава мислења, предлози и препораки насочени кон унапредување на работата на Факултетот и неговата поврзаност со професионалната и пошироката јавност.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Пребарај