Наставата на додипломските студии по Информатика (прв циклус, четиригодишни студии, 240 ЕКТС кредити) е организирана така што студентите континуирано стекнуваат знаења, практични вештини и професионални компетенции предвидени со студиската програма.
Наставниот процес вклучува предавања и практична работа, како и активно учество на студентите преку презентации, проектна работа и самостојни задачи. Напредокот на студентите се следи континуирано во текот на семестарот преку повеќе форми на проверка и оценување.
Како се формира оценката?
Оценувањето се спроведува во текот на целиот семестар и опфаќа проверка на академското знаење, како и оценување на практичните вештини, активноста и самостојната работа на студентот.
Вкупниот резултат се формира од 100 бодови, распределени на следниот начин:
|
Компонента |
Бодови |
|---|---|
|
Академско знаење |
78 |
|
Три парцијални испити |
48 (3 × 16) |
|
Завршен испит |
30 |
|
Компетенции и практични вештини |
22 |
|
Присуство |
2 |
|
Активно учество во наставата |
4 |
|
Презентации |
6 |
|
Проектна работа |
4 |
|
Есејски задачи |
6 |
|
Вкупно |
100 |
Услови за пристапување кон испит
Редовното учество во наставата е составен дел од процесот на учење и оценување.
За пристапување кон парцијалните и завршниот испит студентот треба да има најмалку 75% присуство на наставата.
За пристапување кон завршниот испит студентот треба да има стекнато најмалку 40% од бодовите предвидени за активностите и проверките во текот на семестарот.
Оценки според освоените бодови
|
Освоени бодови |
Оценка |
|---|---|
|
90–100 |
10 (A) |
|
80–89 |
9 (B) |
|
70–79 |
8 (C) |
|
60–69 |
7 (D) |
|
51–59 |
6 (E) |
|
0–50 |
5 (F) – недоволен |
Следење на напредокот
Студентите можат континуирано да го следат својот академски напредок во текот на семестарот. По спроведените проверки на знаењето се ажурираат освоените бодови и резултатите, со што студентот има увид во постигнатиот успех и бодовите што ги има акумулирано.
Индивидуалните резултати и податоците за академскиот напредок се достапни преку системот E-Student, а студентите се информираат за објавените резултати и преку својата службена студентска e-mail адреса.
Резултати од учењето и информации за предметите
За секој предмет однапред се дефинирани резултатите од учењето, содржината на предметот, начинот на реализација на наставата и критериумите и методите на оценување.
Деталните информации за предметите, резултатите од учењето, структурата на студиите, фондот на часови и ЕКТС-кредитите се достапни во Студиската програма по Информатика – прв циклус четиригодишни студии (240 ЕКТС).

