Практичната настава е задолжителен дел од студиската програма по Информатика и им овозможува на студентите стекнатите знаења да ги применат во реална работна средина. Преку праксата студентите стекнуваат практично искуство, развиваат професионални и технички вештини и непосредно се запознаваат со современите технологии и работните процеси во ИТ секторот.
Практичната настава се реализира 15 дена во текот на семестарот и дополнителни 15 дена задолжителна летна пракса, во соработка со ИКТ компании и други релевантни организации и институции.
Факултетот за информатика има воспоставено соработка со компании и институции од јавниот и приватниот сектор, со цел поврзување на теоретските знаења со практиката и подготовка на студентите за идните професионални предизвици. Елаборатот посебно го нагласува значењето на соработката со ИКТ компании и вклучувањето стручни лица од практиката во образовниот процес.
Постапка за реализација на практичната настава
Чекор 1 – Избор на компанија
Студентот избира компанија од листата на компании со кои Факултетот има воспоставено соработка. Доколку студентот сака да ја реализира праксата во друга компанија, изборот претходно го усогласува со Факултетот.
Чекор 2 – Договор за периодот на практична настава
Студентот, во договор со компанијата и Факултетот, го определува периодот во кој ќе ја реализира практичната настава.
Чекор 3 – Реализација на праксата
Практичната настава се реализира во избраната компанија, каде шро студентот се вклучува во активности поврзани со областа на студирање и стекнува непосредно професионално искуство.
Чекор 4 – Потврда за реализирана пракса
По завршувањето на практичната настава, студентот обезбедува потврда од компанијата за реализираната пракса и ја доставува до Факултетот за евидентирање.
За дополнителни информации во врска со изборот на компанија и реализацијата на практичната настава, студентите можат да се обратат кај проф. д-р Симе Арсеновски.
Компании за реализација на практична настава
Практичната настава може да се реализира во компаниите со кои Факултетот за информатика има воспоставено соработка, наведени во продолжение.
1. BMB Solutions — Договор за соработка
ИТ компанија која обезбедува технолошки решенија и услуги за деловни корисници, со фокус на ИТ безбедност, cloud и Microsoft решенија, колаборација, вештачка интелигенција и продуктивност.
2. GDi — Договор за соработка
Регионална технолошка компанија која развива и имплементира софтверски, cloud и геопросторни решенија, вклучувајќи решенија за управување со ресурси, процеси, инфраструктура и операции. GDi има повеќе од 30 години искуство и канцеларија во Скопје.
3. Semos — Договор за соработка
Македонска ИКТ компанија со долгогодишно искуство во развој на софтверски решенија, системска интеграција, имплементација и техничка поддршка на комплексни ИТ решенија, ИТ консалтинг и едукација.
4. TESSA SEC — Договор за соработка
Компанија специјализирана за сајбер-безбедност, со услуги во областа на безбедносен мониторинг, управување со инциденти, тестирање на безбедноста, управување со ранливости, сајбер-безбедносен консалтинг и обуки.
5. Neocom — Договор за соработка
Една од подолго присутните македонски ИТ компании, со решенија и услуги во областите на серверска и клиентска инфраструктура, мрежи и безбедност, софтверски решенија, cloud, телекомуникации и техничка поддршка.
6. Edusoft — Договор за соработка
Софтверска компанија основана во Скопје во 1990 година, специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации и ИТ консалтинг. Компанијата развива решенија за приватниот и јавниот сектор во повеќе области.
7. EduCom — Договор за соработка
Компанија за развој на софтвер и ИТ решенија со активности во областите на развој на веб и прилагодени апликации, Business Intelligence, дигитална форензика, консалтинг, обуки и едукација.
8. Adopt Intelligence — Договор за соработка
Компанија фокусирана на вештачка интелигенција и развој на AI-базирани решенија, вклучувајќи интеграција на AI во производи и деловни процеси, AI агенти, RAG системи, автоматизација, развој на AI производи и професионална едукација во областа на вештачката интелигенција.

