По повод 27 септември, Светскиот ден на туризмот, Министерството за економијa им додели признанија на најуспешните претставници од туристичкиот сектор во Република Македонија. Предлозите и годинава се направени заедно со туристичките здруженија и комори, имајќи ги во предвид и извештаите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и активностите на комисиите кои работат на категоризација на хотели, ресторани и лиценцирање на туристички агенции. Универзитетот за туризам и менаџмент го доби признанието за соработка во областа на туризмот за 2016 година во категоријата факултети. Признанието на Универзитетот му го додели господинот Шовкет Хазари, државниот советник за туризам и угостителство во Министерството за економија на Република Македонија.