Практична настава на Факултет за информатика при Универзитетот Скопје

    Image

    Факултетот за информатика при Универзитет Скопје ги информира сите студенти дека практичната настава е задолжителен дел од студиските програми, согласно наставните планови и програми на Факултетот.

    Практичната работа претставува значаен сегмент од академската едукација и има за цел:

    • примена на стекнатите теоретски знаења во реална работна средина
    • развој на професионални компетенции и технички вештини
    • запознавање со современи технологии и работни процеси
    • подготовка за идно вработување и професионална кариера

    Практичната настава се реализира преку студиски посети, менторства и гостински предавања, во времетраење од 15 дена во текот на семестарот и дополнителни 15 дена летна задолжителна пракса

    Компании и институции со кои е склучен договор

    Факултетот има воспоставено соработка со следните компании:

    • БМБ Солушнс дооел, Скопје
    • Едуком дооел, Скопје
    • Едусофт доо, Скопје
    • ГДи дооел, Скопје
    • Неоком АД, Скопје
    • Семос доо, Скопје
    • ТЕССА СЕЦ, Скопје
    • Адопт Интелигенс, Скопје

    Оваа соработка овозможува директен контакт со ИТ-индустријата и реална работна пракса во релевантни професионални средини.

    Дополнителни информации

    Студентите кои треба да ја реализираат практичната настава потребно е да побараат детални информации за постапката, изборот на компанија и административните чекори кај проф. д-р Симе Арсеновски.

    Практичната настава е можност да го направите првиот чекор кон успешна ИТ кариера – искористете ја максимално!

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Пребарај