Практична настава на Факултет за информатика при Универзитетот Скопје

Факултетот за информатика при Универзитет Скопје ги информира сите студенти дека практичната настава е задолжителен дел од студиските програми, согласно наставните планови и програми на Факултетот.
Практичната работа претставува значаен сегмент од академската едукација и има за цел:
- примена на стекнатите теоретски знаења во реална работна средина
- развој на професионални компетенции и технички вештини
- запознавање со современи технологии и работни процеси
- подготовка за идно вработување и професионална кариера
Практичната настава се реализира преку студиски посети, менторства и гостински предавања, во времетраење од 15 дена во текот на семестарот и дополнителни 15 дена летна задолжителна пракса
Компании и институции со кои е склучен договор
Факултетот има воспоставено соработка со следните компании:
- БМБ Солушнс дооел, Скопје
- Едуком дооел, Скопје
- Едусофт доо, Скопје
- ГДи дооел, Скопје
- Неоком АД, Скопје
- Семос доо, Скопје
- ТЕССА СЕЦ, Скопје
- Адопт Интелигенс, Скопје
Оваа соработка овозможува директен контакт со ИТ-индустријата и реална работна пракса во релевантни професионални средини.
Дополнителни информации
Студентите кои треба да ја реализираат практичната настава потребно е да побараат детални информации за постапката, изборот на компанија и административните чекори кај проф. д-р Симе Арсеновски.
Практичната настава е можност да го направите првиот чекор кон успешна ИТ кариера – искористете ја максимално!